Македонија

Запленети 20 илјади евра кои македонски државјанин сакал да ги внесе во државата без да ги пријави

Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд заплениле околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало.

Имено, на 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло.


Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок.

Царинската управа известува дека при секој влез во државата, патниците можат слободно да внесат девизи во износ до 10.000 евра по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари – девизи над 10.000 евра, лицата се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago