Технологија

Развиен нов мотор со внатрешно согорување на водород

Дволитарскиот агрегат постигнува одлични перформанси – вкупната моќност е 410 КС.

Се стремиме да го направиме сообраќајот почист, со намалена емисија на штетни гасови, а истото важи и за мотоспорт активностите. Австриската компанија AVL Racetech сега направи важен чекор во оваа насока.

Одделот за моторспорт на AVL претстави иновативен прототип на водороден мотор со внатрешно согорување. Моќната единица е компактен дволитарски водороден турбо мотор, со интелигентно вбризгување на вода што му овозможува да постигне високо ниво на перформанси.

Прототипот е првиот тркачки мотор развиен од AVL Racetech. За разлика од другите мотори со внатрешно согорување на водород, кои вообичаено работат со високо ниво на „вишок воздух“ (посно согоруваат) и имаат пониски перформанси, новиот тркачки мотор AVL Racetech може да генерира високо ниво на перформанси од околу 150 kW на литар работен волумен.

Неговата вкупна моќност е 410 КС при 6500 вртежи во минута. Вртежниот момент на моторот, кој е развиен во соработка со унгарската Humda Lab, е 500 Nm и е достапен во опсег од 3000 до 4000 вртежи во минута.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago