Радовиш

По повод месец октомври, бесплатни ехо прегледи на дојка во Здравствен дом – Радовиш

Околу 50 -тина  жени од општините Радовиш и Конче денеска пројавија интерес да направат бесплатени прегледи на ехо на дојка во Здравствен дом Радовиш, иницијатива која се реализира по повод розов октомври, месец за подигање на свеста за ракот на дојката.

Прегледи ќе се вршат три дена и се очекува да бидат прегледани над 120 жени, со цел рано откривање и превенирање на рак на дојка.

Октомври е месец посветен на подигнување на свеста кај жените во борба против ракот на дојка и на истакнување на важноста за превенција и рано дијагностицирање. Во светски рамки, ракот на дојка е најчестиот рак кај женската популација со висока стапка на смртност.

Редовните прегледи се од исклучителна важност во борбата против оваа болест, затоа директорката Симона Цветаноски се надева дека ваквите прегледи ќе ги потикнат жените да не ги прескокнуваат контролите и преку целата година, бидејќи се плаќа симболична партиципација од 40 денари за ваков преглед во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago