Радовиш

Младата Елена Митева од Радовиш во иднина се гледа како виолинист на светски концерти

Младата и талентирана Елена Митева од Радовиш е ученичка во шесто одделение во ООУ „Никола Карев“ и веќе се појавува како виолинистка на повеќе настапи каде успешно се претставува. 

Елена посетува редовно музичко училиште во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, кај наставничката Марија Илиева по виолина.

Таа е единствено дете од Радовиш што изучува виолина веќе 5 години и редовно посетува часови по виолина.

Елена има учествувано на државните (општински , регионален и државен натпревар) и меѓународни натрпревари (Мегународен АРТ ИН натпревар)(мегународен натпревар Сергеј Михајлов) и има забележителни настапи.

Последниот настап и беше на манифестацијата „Самун ем Татлија“ во Радовиш, заедно со корепетитор Тоше Поп Лазаров.

Претходно повеќепати има настапувано на училишни настапи во Штип.

Нејзините родители Петранка и Мите, целосно се посветени на усовршување на нејзиниот талент и ја поддржуваат во секој чекор.  

Елена во иднина се гледа како  виолинист на светски концерти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago