Технологија

“Mercedes” го претстави eActros 600

Daimler го претстави „камионот на иднината“, електричниот Mercedes eActros 600 со автономија од 500 километри, за кој верува дека веднаш ќе започне да ги заменува дизел-флотите во Европа и светот.

Фабриката ќе почне да прима нарачки веќе оваа година, а сериското производство ќе започне на крајот на следната година, објави компанијата на претставувањето на камионот на автопатот кај Егесторф во Долна Саксонија. Батеријата со капацитет од над 600 kWh овозможува голема автономија!

На долг рок, електричните камиони можат да ги заменат повеќето камиони со дизел погон, според Дајмлер. Периодот на замена, секако, зависи од трошоците во различни земји, вклучувајќи ја и цената на струјата и дизелот, како што се патарините.

На пример, во Германија и Франција, електричен камион во сегашните околности, и покрај два до два ипол пати поголема набавна цена, станува поисплатлив по пет години користење, односно поминати 600.000 километри, велат од компанијата.

Прецизни податоци за цената на eActros, сепак, се уште не се објавени од Daimler.

Карин Радстром од одборот на директори на Daimler Trucks изјави за dpa дека поради економските пресметки, веќе во 2030 година, три од пет нови камиони на продажба би можеле да бидат електрични.

Според неа, изградбата на потребната инфраструктура е поголем предизвик од развојот на електричните товарни возила и од тоа ќе зависи брзината на електрификацијата во транспортниот сектор.

Како што е наведено, возилото е технички дизајнирано за комбинирана вкупна маса до 44 тони, што ја вклучува масата на акумулатори, возило и приколка. Меѓутоа, кога на камионот е прикачена стандардна приколка, таа може да носи до 22 тони носивост.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago