Заврши 9-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш
Заврши 9-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш. Три дена се јадеше и пиеше и се слушаше добра музика. Илјадници граѓани се собраа на Градскиот пазар да уживаат во добрата храна и добрата музика. Задиволни и гостите и угостителите.
Задоволни и музичарите, односно естрадните уметници кои беа задолжени за забавата на „Самун ем талија“. и годинава беше направен најголемиот „Самун“ од пекара Лукас Трејд, долг 6 метри, за кој биле употребени 10 килограми брашно, 15 килограми пилешко месо и 15 килограми свинско месо.
Сите присутни гости и годинава ги поздрави првиот човек на општината градоначалникот Ацо Ристов им посака добредојде, добра забава и добра храна со радовишките специјалитетит самун и татлија.
Кулминација настанот доживеа во сабота вечерта, со спектакуларниот настап на балканската музичка звезда Милица Павловиќ, која имаше прекрасен настап пред илјадниците присутни гости и граѓани. Претходно вечерта беше збогатена со настапот на нашите реномирани радовишани „Крешендо“, „Анѓел и Орце“ и одличниот состав на чело со Игор Димовски и Пауза за ракија…
Музичката програма на овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“ заврши со настапот на „Бело копче“, а за спектакуларно да заврши вечерта се погрижија и момците од YU FOR YOU и Иван Кукич како и настапот на Соња Тарчуловска.
Организатор на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ и годинава е Општина Радовиш во соработка со ЦК „Ацо Караманов“- Радовиш, а финансиски ја поддржаа и голем број спонзори.