Технологија

Започнуваат претплатите за Facebook, Instagram и TikTok?

За воведувањето претплати на социјалните мрежи се зборува со години – се чини дека е поблиску од кога било.

За неколку месеци, најпопуларните социјални мрежи би можеле да побараат од вас да плаќате одредена месечна сума за да не бидете принудени да гледате реклами додека лизгате.

Мета неодамна зборуваше за оваа опција за Фејсбук и Инстаграм, а како што пренесува Ројтерс, доколку сте на компјутер, таа би чинела 10 евра месечно, плус 6 евра за дополнителна поврзана сметка. На мобилните телефони претплатата би изнесувала 13 евра месечно.

За воведување претплати не размислуваат само Facebook и Instagram, туку на сличен начин размислува и TikTok, кој изгледа веќе почна да го тестира.

Како што пишува Android Authority, некои корисници почнале да гледаат известувања за претплата, но засега само во САД. Цената на TikTok, според тие информации, ќе биде попристапна во однос на платформите на Мета – 5 долари месечно.

Да потсетиме овде, Фејсбук пред неколку години го отстрани слоганот од почетната страница на кој пишуваше: „Бесплатно е и секогаш ќе биде“ – веројатно уште тогаш почнале да размислуваат во оваа насока.

Некои социјални мрежи, како што е Twitter, веќе воведоа претплата, но таа не е за отстранување реклами туку за добивање на некои привилегии, иако Елон Маск неодамна навести дека претплатата може да се воведе за сите, пренесува Zimo.

Доколку оваа информација е точна, претплатата за тие три мрежи би изнесувала повеќе од 20 евра месечно, дури и околу 25 евра за мобилни телефони, иако не би била задолжителна.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago