Се чини дека Европскиот совет
попуштил под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку
релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуро 6.
Со стандардот Еуро 7 за нови
возила, планот на Европската комисија беше дополнително да ја ограничи
емисијата на штетни гасови. Имплементацијата
требаше да се реализира во 2025 година, а до 2035 година Еуро 7 треба да ги
намали вкупните емисии на NOx од автомобилите и комбињата за 35% во споредба со
стандардот Еуро 6 и за 56% во споредба со стандардот Еуро 6 за автобуси и
камиони.
Истовремено,
честичките од издувните цевки на автомобилите и комбињата би се намалиле за
13%, а од автобусите и камионите за 39%, додека честичките од сопирачките на
автомобилите би се намалиле за 27%.
Сега, се чини, Европскиот совет
попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку
релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуро 6, пишува Ревијахак .
Нема да има промена во
издувните гасови, но од друга страна, се чини дека купувачите на поекономични
автомобили не треба да се грижат. Имено, со претходно најавениот Euro 7
стандард, автомобилите како Dacia Sandero, VW Polo и Renault Clio би биле
поскапи и до 5.000 евра (поради новите технологии).
Растот на цените сега е
спречен, но по цена на повисоки емисии на штетни гасови и фини честички.
Autocar исто така известува дека поради новите релаксирани
регулативи, ќе опстане 2,9-литарскиот V6 мотор на Alfa Romeo, кој ги придвижува
Quadrifoglio верзиите на Giulia и Stelvio, со 510 КС. Очекувајте низа
слични најави од други автопроизводители деновиве…