Обука и симулациона вежба како дел од прекуграничниот проект на Босилово и Грмен за превенција и заштита од поплави
Во тек е реализацијата на проектот “Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплавите во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“кој се имплементира помеѓу општина Босилово од Македонија во партнерство со општина Грмен од Бугарија, според Договорот за доделување на субвенции во рамките на ЕУ инструментот за пред пристапна помош ИПА II програмата.
Реализацијата
на проектот опфаќа изградба на бетонски одводни канали за атмосферска вода во
двете општини и тоа во Општина Босилово во населените места Босилово и Бориево и во општина Грмен во
населените места Огњаново и Грмен. Изградбата на овие бетонски канали е во
завршна фаза.
Една од активностите на проектот е спроведување на обука
„„Заедничко спречување и управување со ризик во ситуација на поплави “ која се
организира на територијата на општина Босилово
Цел: Главна тема на обуката:
што да се прави во случаи на катастофа; што е потребно да се знае однапред;
како да се дејствува во случаи на вистинска опасност и начин на справување со
последиците, давање прва помош на повредени луѓе. Обуката за ризици од поплави
има за цел да го подобри знаењето на локалното население и начинот на нивното
реагирање во случај на катастрофа да се однесуваат правилно и паметно да ги
искористаат сите достапни информации.
Како дел од обуката се
одржа симулациона тактично показна вежба со која се покажаа и увежбуваа
активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.
На оваа вежба како и на
тридневната обука присуствуваа претсавници од двете општини партнери во
проектот општина Босилово и општина Грмен, учесници од населените места во
Босилово .
Вежбата се спроведе со
учество на институциите во системот: Општина Босилово, ЈПКД Огражден Босилово,
ДЗС Струмица, Црвен крст Струмица, ТППЕ Струмица, РЦУК Струмица и СВР Струмица
Вкупниот проект за двете општини изнесува 259 илјади евра, само за општина Босилово се предвидени 111 илјади евра од кои околу 50 илјади евра од општинскиот буџет.