Seat повеќе нема да произведува автомобили во иднина и ќе биде заменет со Cupra, потврди претседателот на Volkswagen.
На прашањето за иднината на
Seat на автосалонот во Минхен, Томас Шефер рече: Иднината на Seat е Cupra,
пишува Autocar.
Шафер рече дека постоечките
модели на Seat ќе продолжат да се произведуваат додека не завршат нивните
традиционални животни циклуси, но марката потоа ќе престане да функционира како
производител на автомобили.
Името на Seat ќе остане и нема
да биде пензионирано, а Шафер рече дека групацијата Volkswagen ќе најде друга
улога за тоа. Наместо тоа, компанијата најверојатно ќе се сврти кон други
решенија за мобилност како електрични скутери и слично.
Шефер рече дека е претерано да
се инвестира во Seat и Cupra, а профитниот потенцијал за Cupra е многу поголем. За
таа цел, Шафер рече дека групацијата VW ќе инвестира многу во Cupra.
Cupra Formentor ќе го наследи
Cupra Tavascan, а компанијата исто така претстави и нов модел на почетен план,
Cupra Urban Rebel, како и електричен спортски автомобил Cupra DarkRebel.
Сериската верзија на овој
автомобил ќе започне да се произведува во 2025 година во фабриката на Seat во
Марторел во Шпанија заедно со близнаците од другите брендови на VW Group,
вклучувајќи го и VW ID 2.
Шафер додаде
дека шпанските клиенти исто така добро реагирале на Cupra, па нагласи дека
Cupra се уште е најбрзо растечки бренд во Европа.
Можно е Seat Leon да стане само
Cupra Leon уште во редизајнот во 2024 година.