Босилово

Официјално започна со работа првата градинка во Босилово, 55 деца ќе добијат предучилишно воспитание и образование

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев денеска го одбележаа официјалното отпочнување со работа на градинката „Среќни насмевки“ во Босилово.

„Градинката „Среќни насмевки“ e изградена и опремена со средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика во износ од 14 милиони денари во градежниот дел и околу 2.5 милиони денари во опремување. Таа е изградена согласно најсовремените стандарди за објекти од оваа намена и овозможена е едукација на најмладите преку методот учење преку игра“ истакна Тренчевска во своето обраќање.

Министерката се осврна и на посветената работа на министерството за унапредување на детската заштита од 2017 година, таа посочи дека до денес се 81 објект – детски градинки и 12 центри за ран детски развој со што се опфаќаат околу 5900 деца.

„На задоволство на сите граѓани на Босилово денес започна со работа првата градинка на ова населено место со опфат на 55 деца. Како градоначалник морам да истакнам дека апсолутно го почитувам процесот на отворање на детски градинки во руралните средини.  Тоа е многу важно заради социјализација и едукација на децата и  воедно на таков начин се овозможува еднакви услови и за децата и за граѓаните од руралните и урбаните средини“ рече градоначалникот Манчев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago