Радовиш

Зпочна новата учебна година, првачињата и годинава ќе добијат училишно пакетче, подарок од општина Радовиш

Со музика и џагор од дечињата започна првиот училишен ден од новата учебна година. Полни училишни дворови од дечиња, родители и вработени. Ваква беше сликата на 1 септември во сите училишта.  Околу 50 првачиња во ООУ Никола Карев во Радовиш на 1-ви септември за прв пат зачекорија во училишните простории, полни со неизвесност и со безброј прашања за тоа што ги очекува. Добредојде им посака директорот на училиштето Кире Јанковски.

Од името на општина Радовиш  и на градоначалникот Ацо Ристов, среќен почеток на првачињата и на останатите ученици во новата учебна година им посака секретарот Љупче Почивалец. Тој спомна дека и годинава првачињата ќе добијат училишно пакетче, подарок од општина Радовиш.

Со пригодна програма подготвена од учениците успешно стартува новата учебна година во ООУ Крсте Петков Мисирков во Радовиш. Околу 80 првачиња го започнаа образовниот процес, и училиштето ќе им биде втор дом.

Од името на општина Радовиш среќен почеток на првиот училишен ден им посака секретарот Љупче Почивалец. Тој рече дека наставниците ќе им бидат втори родители по образование и им поска среќен почеток и многу успеси.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago