Здравје

Зошто е добро да се јаде млад кромид?

Зелениот дел од младиот кромид не треба да се фрла бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.

Младиот кромид е богат со витамини и минерали, а одличен е и за заштита на здравјето. Има антибактериски својства и штити од воспаленија, помага при настинки, а добар е и за подобрување на варењето. Содржи витамини А, К и Ц, додека како минерали содржи многу фосфор, калиум и калциум.

Зошто е добро да се јаде млад кромид секој ден?

Го заштитува срцето – полно е со антиоксиданси кои го штитат телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Покрај тоа, кромидот може да го задржи крвниот притисок во нормални граници и да го намали ризикот од згрутчување на крвта.

Добро е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на очите. Содржи многу витамин А, кој е неопходен за добар вид. Само еден кромид содржи околу три проценти од дневната потреба за витамин А.

Ги зајакнува коските – витаминот Ц и К, со кои е богат млад кромидот, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу два отсто од витамин Ц. И двете се важни за густината и силата на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

Го намалува холестеролот – млад кромидот има голем број на материи кои го намалуваат лошиот холестерол во крвта. Неговиот зелен дел е многу здрав и освен што помага за намалување на холестеролот, добар е и за враќање на покачениот шеќер во нормала. Хромот присутен во кромидот има голем број здравствени придобивки, од кои само една е превенцијата и контролата на дијабетесот.

За поубава кожа – му помага на телото во производството на колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago