Струмица

Советот на Општина Струмица ја одржа 26 седница, усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот

Советот на општина Струмица вчера ја одржа својата 26 седница на која советниците расправаа и одлучуваа по 67 точки од дневниот ред.

По образложението поткрепено со бројки од страна на градоначалникот Костадин Костадинов, беше усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2023 год. Советниците едногласно ја усвоија предлог – одлуката за предефинирано мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини во општина Струмица, а по оваа точка од дневниот ред свое позитивно мислење изрази и градоначалникот Костадинов, истакнувајќи дека неговиот став по тоа прашање е всушност составен дел од Стратегијата во делот на заштитата на животната средина на општина Струмица.

Беше донесена и одлука за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033, како и други значајни одлуки од областа на урбанизмот, образованието и работата на јавните претпријатија. На седницата присуствуваа и претставници од граѓанскиот сектор.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago