Македонија

Годинава ќе се одржи ШЕСТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија

Оваа година се навршуваат 75 години од трагичните и болни настани, кога во 1948 година, во виорот на граѓанската војна во Грција, околу 28.000 претежно деца беа принудени да ги напуштат родните огништа и беа расселени по светот. По тој повод, а во пресрет на 75-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна, во Катланово на 30-ти септември (сабота) ќе се одржи Шесттата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Kако и на петте, досега одржани светски средби, 1988 година Првата светска средба, 1998 година Втората светска средба, 2003 година Третата светска средба, 2008 година Четвртата светска средба, 2018 година Петтата светска средба и овој пат во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Здружението Т,ГА ЗА ЈУГ , Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Куманово, Велес, Штип, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Битола, Охрид, Тетово, КУД Гоце Делчев – Скопје и Фестивалот ,, Гоце Фест,, ке ја одржат Шестатта светска средба.

Во рамките на Програмата на средбата, со повеќе активности, во текот на целата година, ќе биде одбележана 75 – годишнината од Егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како и 75-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна преку одржување на повеќе настани:

1. Полагање цвеќе пред споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена борец„ 2.ИЗДАВАЊЕ, ПЕЧАТЕЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ВЕСНИКОТ „НЕЗАБОРАВ„3.ПРОЕКТ ,,МЛАДИТЕ КРЕАТОРИ НА НАШАТА ИДНИНА,,-УЧЕНИЦИ ОД 5-ТО ДО 9-ТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД ЦЕЛА РЕПУБЛИКА КЕ УЧАТ И ГОВОРАТ ЗА ЕГЗОДУСОТ И ГРАЃАНСКТА ВОЈНА

4.ИЗДАВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА НА КНИГИ

5.ИЗДАВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ЦД – АЛБУМ СО ПЕСНИ ПОСВЕТЕНИ НА НАСТАНИТЕ ОД 1948 ГОДИНА ИЗВЕДЕНИ И НАГРАДЕНИ НА ФЕСТИВАЛОТ ГОЦЕ ФЕСТ

6. ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И УМЕТНИЧКИ ДЕЛА НА МЛАДИТЕ КРЕАТОРИ

7. МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА – ВО СОРАБОТКА СО ИНИ И ИМЈ ,,КРСТЕ МИСИРКОВ,,

8. ТРАДИЦИОНАЛЕН СОБИР НА ПИЛАВ ТЕПЕ

9.ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ, ОПШТИНА ЦЕНТАР, КИСЕЛА ВОДА, АВТОКОМАНДА, КАТЛАНОВО, РАДОВИШ, СТРМИЦА, ДОЈРАН, ГЕВГЕЛИЈА И БИТОЛА (ТРНОВО) Одбележувањето ќе започне на 29-ти септември 2023 година до 30-ти септември 2024 година. Цела година ке биде со одбележувањето 75-години Егзодус и Граѓанска војна под мотото ,, ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ МИНАТОТО, НО ДА СЕ СТРЕМИМЕ КОН ПОДОБРА ИДНИНА,, со порака ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ И ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ.

29 СЕПТЕМВРИ – Скопје – Центар спроти Собрание 10,30 часот Полагање цвеќе пред споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена борец„

30 СЕПТЕМВРИ – Катланово (каде што била болницата на ранетите борци од ДАГ)10,30 часот полагање цвеке пред споменикот на загинатите и умрените борци на ДАГ11 часот почеток на Шестата светска средба со интонирање на химната, во 14 часот ручек за гостите и учесниците (гости од сите градови од цела Македонија ке имаме гости од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, членови на сродни здруженија од Босна, Словенија, Германија и Романија) 15 часот културно уметничка програма18,30 часот завршување на средбата.

Преземено од https://www.facebook.com/profile.php?id=100064902873635

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago