Радовиш

Во духот на молитвата, Радовиш го одбележа својот заштитник Свети Спасо Радовишки

Во сослужение на Митрополитот Брегалнички Господин Иларион и Митрополитот Тетовски господин Јосиф и свештените лица од радовишката епархија денеска беше одржана Света литургија во храмот „Св.Троица“и Славски колач, во присуство на голем број верници.

 Одбележувањето започна од вчера со вечерна богослужба во црковниот храм Света Троица по што беше организирана  голема  вечерна литија до параклисот посветен на „Св. маченик Спасо Радовишки“, каде Митрополитот Брегалнички Иларион и свештените лица од двата црковни храма од Радоиш одржаа молебен во присуство на верниците,  меѓу кои беше и градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов и други гости.

За сите верници беше оргаинизирина и  Духовна академија во Црковниот храм Света Троица.

Светиот Маченик  Спасо  бил  голем верник по потекло од Радовиш  кој маченички пострадал пред многу години  за верата христова.

Во рамките на одбележувањето на заштитникот на градот Радовиш Свети Спасо Радовишки по втор пат  беше организирана и манифестацијата МЕДЕН РАДОВИШ, како и дефиле на близнаци , БЛИЗНАЦИ СМЕ, ПОСЕБНИ СМЕ во организација на центарот за култура Ацо Караманов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago