Радовиш

Традиционално и оваа година, Општина Радовиш и Храм Св.Троица, ќе го одбележат заштитникот на градот – Св.Спасо Радовишки

Традиционално и оваа година, општина Радовиш и Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, ќе го одбележат чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Во склопот на одбележувањето оваа година ќе бидат организирани и двете манифестации „МЕДЕН РАДОВИШ“ и „БЛИЗНАЦИ СМЕ ПОСЕБНИ СМЕ“.

Согласно програмата  во петок,  на Плоштад Св.Спасо Радовишки со почеток во 17:00 часот ќе биде отвoрена манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“ .

Од 17:15 час.-20:30 час. Промоција на локални производи од мед

Во сабот на 19 август 19:30 час. ќе се одржи манифестацијата „Близнаци сме – Посебни сме“ – Дефиле на близнаците од општина Радовиш од црковниот храм Света троица до плоштадот.

Во недела на 20 август во 18:00 час. Вечерна богослужба во храмот „Св.Троица“

18:45 час. Литија од храмот „Св.Троица“ до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“

19:15 час. Молебен пред параклисот „Св.Спасо Радовишки“

Во 21 часот ќе се одржи Духовна академија во Храм Света Троица

Во понеделник на 21 август во 08:00 час. Света литургија во храмот „Св.Троица“ – Славски колач

Од православната црква и од Општина Радовиш ги покануваат граѓаните да бидат дел од традицијата за чествување на Свети Спасо Радовишки заштитник на градот Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago