Македонија

Тренчевска порача дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани, ќе се разговара за сите отворени прашања

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во врска со вчерашниот протест на пензионерите и средбата со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија во просториите на министерството, вели дека барањата ќе бидат разгледани и дека заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени прашања.

Во врска со линеарното зголемување од 3500 денари на сите пензионери што претставува 220 милиони евра годишно, министерката посочи дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање  стабилноста на фондот.

„Не е праведно некој кој работел 30- 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години,“рече Тренчевска.

Таа вели дека со новата методологија која во 2022 година беше усвоена и претставува усогласување со трошоците за живот и просечната плата претставува системско решение со кое пензиите растат на долг рок.

Министерката посочи дека во 2022 година за месеците март, април и мај сите 330.000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, исто така пензионерите со ниски пензии беа дел од пакетот финансиска поддршка за ранливи категории и им беа исплатени 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата.

„За само една година и 8 месеци од овој владин состав пензиите пораснаа за 24 отсто. Минималната пензија беше 9000 денари денес е 12.500 денари, тоа е зголемување за 3500 денари. Воспоставивме систем, и кога ја донесовме новата методологија сите беа задоволни. Јасно е кој стои зад организацијата,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека се прават напори да се внесат што повеќе лекарства на позитивната листа , а со тоа и се намали издатокот за лекови на пензионерите.

Тренчевска се осврна и на пензискиот систем и дефицитот кој претходно беше направен.

„Секое едно нереално покачување на пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем. Мора да се води сметка секој пензионер секој месец да добива пензија. И да нема инфлација, ќе има пораст на пензиите согласно порастот на просечната плата,“ истакна Тренчевска.

Министерката порача дека барањата ќе бидат разгледани и дека заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени  прашања. Бидејќи не се работи за популизам , туку треба да се размислува на системски решенија на долг рок.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago