П.К Бел Камен од
Радовиш и оваа година по 15-ти пат го организира Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2023” во спомен секавање на планинарот Спасов Костаке.
„Маршот го посветуваме и на нашиот голем пријател и поддржувач Маестро Драгомир ШОИЌ и нашиот покоен домар Гогов Ристе Ринго.
По тој повод ве покануваме и вас да земете учество на овој меморијален марш кој ќе се одржи на
20.08.2023год (недела)“ информираат од
ПК Бел камен, Радовиш.
Програма:
Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. до врв Бел Камен – Планинарски дом Џумаја. Самата патека е долга околу 27 километри и е во времетраење од околу 7 часа. Патеката е во категорија
“средно тешка”. По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек.После ручекот планинарско дружење и во 17 ч. заминување од П.Д. Џумаја.
За оние планинари кои сакат да дојдат во сабота
(19.08.) сместување ке има во П.Д Џумаја по цена 300ден.
За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот, потребно е задолжително пријавување
за учество најкасно до 18.08.2023 год. На контакт телефоните:
Ѓорги Симеонов – 070
302 021
Љупчо Јованов – 077
547 887
Славе Спасов – 070
319 030
Сите учесници на маршот да бидат здрави и психофизички подготвени,
напоменуваат организаторите.