Радовиш

Делегација Ергене и Ташкопру од Република Турција во посета на Општина Радовиш

По повод традиционалниот „ЈУРУЧКИ ФЕСТИВАЛ“ кој оваа година по 15-ти пат се одржува под покровителство на општина Радовиш, а во организација на КХО на Турците од Источна Македонија, во официјална посета на општина Радовиш беа гости од збратимените општини Ергене и Ташкопру од Република Турција.

На 29-ти во Сабота во општина Радовиш беше одржан официјален прием од Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, на Градоначалникот на општина Ергене Г-дин Расим Јускел заедно со неговите Советници, како и на претставниците на општина Јалова-Ташкопру.

Покрај посаканото топло добредојде, од страна на Градоначалникот Ристов беше упатена огромна благодарност до Градоначалникот на Ергене за донацијата од нивната општина на 80 броја урбана опрема – клупи, кои ќе бидат поставени во градот и населените места.

И двајцата Градоначалници изразија желба за продаблочување на соработката на повеќе полиња а особено на полето на економијата, бизнисот и туризмот со цел заеднички да се овозможи подобра иднина на збратимените општини и народи, притоа договарајќи бизнис посета на делегација од општина Радовиш на општина Ергене.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago