Македонија

Запленети 98 илјади евра на граничниот премин Богородица, спакувани во ташна

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата, информираат од Царинска управа.

„На 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени 4 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени“ стои во соопштението од Царинска управа.

Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago