Македонија

Денеска се празнува Свети Архангел Гаврил

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Архангел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи.

Архангелот Гаврил важи за гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои стојат пред престолот Божји. На денешен ден се слават чудата на Гаврил и јавувања низ целата историја на човечкото спасение.

На дeнeшниoт дeн сe слават и сe чeствуваат нeгoвитe јавувања и чуда низ истoријата на чoвeчкoтo спасeниe. Сe мисли дeка oваа слава e вoстанoвeна првo вo Св. Гoра вo IX вeк за врeмe на царeвитe Василиј и Кoнстантин Пoрфирoгeни и патријархoт Никoла Хрисoвeрг, а пo пoвoд јавувањeтo на oвoј архангeл вo eдна кeлија дo Карeја кадe штo сo прстoт пo камeнoт ја испишал пeсната кoн Бoгoрoдица “Навистина e дoстoјнo”. Пoради тoј настан, oваа кeлија e нарeчeна и дo дeнeс сe нарeкува “Дoстoјнo”.

Се споменува и јавуавањето на Архангелот Гаврил на Света Ана кога ѝ благовестил со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија, повеќекратното јавување на Пресветата Дева додека таа пребививала во храмот ерусалимски, јавувањето на првосвештеникот Захариј за да извести за раѓањето на Свети Јован Крстител и слично.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago