Радовиш

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 7 (седум) работници за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци во населени места во Општина Радовиш

Општина Радовиш распишува ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 7 (седум) работници за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци  за населените места : Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Јаргулица, Подареш и Ораовица.

I.Услови за пријавување:

а) долгорочно евидентирани невработени лица

б) ниско квалификувани невработени лица

в) лица над 55 години

Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 21.07.2023 а најдоцна до 27.07.2023 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на општина Радовиш во Архива секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

  1. Права и обврски на лицата

-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е финансиска поддршка во износ од 13.000 (тринаесет илјади) денари месечно за едно ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

-За време на вршењето на јавните работи, ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.

-Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 5 месеци и тоа од 01.08.2023 год. до 31.12.2023 год.

Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:

-Одржување на градските и руралните паркови;

-Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;

-Одржување и чистење на речните корита и зелените површини покрај стамбените згради;

-Чистење на локалните патишта и улици и чистење на канафки и канали (на ниво на општина);

-Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago