Во врска со големите пожари кои
ја зафатија соседна Грција, засега нема пријавен ниту еден
граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при
евакуација, според последните информации од дипломатско –
конзуларните претставништва на Македонија во Грција, информира МНР.
Македонската амбасада во Атина и
Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните
институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место,
но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица.
Министерството за надворешни
работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во
загрозените подрачја.
Министерството за надворешни
работи на Грција од денес во 17.00 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот
аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и
навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи.
За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.
Инаку на грчкиот остров Родос утрово повторно се разгорело жариштето во близина на селото Асклипио во југоисточниот дел на островот. Огненеите јазици се приближиле и до првите домови.