Свет

Русија забрани промена на полот: „Не сакаме дегенерација на нацијата”

Ги штитиме нашите деца и граѓани, вели претседателот на Думата.

Државната дума на Руската Федерација денеска официјално го усвои законот за забрана за промена на полот на територијата на земјата.

„Оваа одлука ги штити нашите граѓани и деца. Замислете, во САД, бројот на операции за промена на полот е зголемен за 50 пати во последните десет години. Монструозна тенденција!“, коментира претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на Телеграм.

„Тоа е патот што води до дегенерација на нацијата. Тоа е неприфатливо за нас“, вели тој.

Иницијативата за воведување на овој закон беше поднесена во мај годинава, а на неа работеа околу 400 парламентарци, пишува „РИА Новости“.

Во согласност со овој закон, престанува да важи бракот во кој еден од брачните другари одлучил да го промени полот, а доколку се знае дека одредено лице има потврда дека е подложена на споменатата операција, во тој случај и се забранува од посвојување деца.

Но, сите лица кои го промениле полот пред стапувањето во сила на овој закон не подлежат на новите норми.

Думата денеска ја забрани и употребата на медицински препарати кои имаат за цел промена на полот.

Во САД, според податоците од 2022 година, има милион и 640 илјади трансродови лица, од кои 340.000 се тинејџери, потсетува денеска Володин.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago