Конче

Општина Конче го одбележа својот празник,12 Јули, Петровден

Општина Конче денеска го одбележа празникот на општината 12 Јули Петровден. По тој повод беше организирано свечено пуштање во употреба на новоизградени објекти во Општина Конче. Свечено беа пуштени во употреба новоизградениот манастирски конак во манастирот Свети Стефан во Конче на кој веќе е завршена изградбата и преадаптираната новоизградена сала за венчавање и за одржување на седници на Совет во состав на Општинската зграда, по што градоначалникот Златко Ристов изврши прием на поканети гости.

На свечената седница на Советот на Општина Конче градоначалникот Златко Ристов спомна дел од реализираните проекти и проекти кои се во тек, по што беа доделени признанија и благодарници на повеќе правни и физички лица, за успешна соработка и промоција на општина Конче, на деловни соработници, спортисти и спортски клубови како и златна плакета на рудникот Боров Дол.

 Во чест на 27 годишнината од востанувањето на Општина Конче неколку делегаци положија свежо цвеќе на спомен обележјето во Конче.

Програмата  заврши со настап на културно уметнички друштва во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче, каде беше организиран и натпревар во најдобро подготвена традиционална храна, кој по втор пат се одржува во организација на Здружението на жени Конечанка. Присутните  имаа можност да вкусат од прекрасните традиционални специјалитети, а жири комисијата изврши избор на група за најдобро подготвена трпеза.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago