Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден кој и годинава ќе го одбележи со повеќе активности. Програмата за одбележување ќе започне од вторник 11 јули со спортски натпревар во борење слободен стил и Фолклорна вечер – сплет на ора и песни настап на Културно уметнички друштва.
Во чест на 27-
годишнината од востанувањето на Општина Конче главните активности ќе се одржат во среда на
12-ти јули Петровден. Во 10;30 часот ќе се органзира свечено пуштање во употреба
на ново и зградени објекти во Општина Конче. Потоа ќе биде органзиран прием кај
градоначалникот по што ќе следува Свечена седница на Советот на Општина Конче и
доделеување на награди признанија и дипломи.
Ќе биде положени и свежо цвеќе на споменикот
на паднатите борци во Конче.
Програмата ќе заврши со
настап на културно уметнички друштва во дворот на манастирот Свети Стефан во
Конче каде присутните
ќе имаат можност да вкусат и од
прекрасните традиционални специјалитети на традиционалната трпеза, која по втор пат ќе се
организира во организација на здружението на жени.Ќе биде извршен и избор на групи за најдобро
подготвена традиционална храна.
Во вечерните часови ќе биде организиран и финален натпрева во мал фудбал.