Радовиш

Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“

На 04.07.2023 во 13.20 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 05.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од 8 станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.При лишувањето од слобода кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом. Истиот бил задржан во Полициска станица Радовиш и со него бил извршен службен разговор при што го признал делото.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago