Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на две нови улици во Калуѓерица

Во тек се градежните активности на нова улица во село Калуѓерица во Долна Маала, долга околу половина километар, која Општина Радовиш ја гради од соствениот буџет.

Оваа улица беше на барање на граѓаните бидејќи на оваа улица работат и неколку фирми, со што ќе им се олесни пристапот. Станува збор за лепеза од две улици кои се спојуваат. Улицата ќе биде асфалтирана за две недели, граѓаните да бидат стрпливи“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше во посета на село Калуѓерица.

Градоначалникот апелира и до иселениците да се вклучат во реализација на мали локални проекти со цел да се уреди нивното населено место бидејќи средствата на општината се ограничени, а тие како што рече, даноци плаќаат во странство, а нивните имоти се овде.

Станува збор за мали локални проекти како што се уредување на речно корито, тротоари мали мостови и слично, за кои во договор со општината можат многу побрзо да се направат.

 Минатата година како што рече градоначалникот Ацо Ристов се градеше улица во Горна Маала  во Калуѓерица и  се тампонираа неколку помали улици, а се среди и пристапниот пат до селските гробишта, што беше и барање на граѓаните, оваа година се инвестира во Долна Маала.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago