Свет

Ова е најевтиното одморалиште во регионот: Десетдневни аранжмани во екот на сезоната од 140 евра

Доколку сакате да патувате поевтино, а во исто време да видите некаде ново, бугарското крајбрежје е идеален избор. Одморалиштето Сoнчев Брег е едно од најубавите во Бугарија и го посетуваат над милион туристи во текот на летната сезона. Сигурно ќе ви се допадне долгата песочна плажа, заливот и многуте атракции кои можете да ги посетите.

Покрај тоа, Бугарија се смета за еден од поевтините избори во регионот кога е во прашање одморот. Имено, во домашните агенции може да се најде 10-дневен одмор во јули од 140 евра по лице, додека во септември и јуни цените се уште пониски.

Цените варираат, секако, во зависност од тоа колку е ексклузивно сместувањето, дали сте одбрале хотел или апартман, колку е оддалечено од атрактивни дестинации и дали оброците се вклучени во аранжманот.

Во рестораните можете да ручате и по пристапни цени: ручекот за две или три лица во просечен ресторан чини околу 3.300 денари, додека оброк за едно лице во евтин ресторан чини околу 600, капучино и газиран пијалок чинат по 115 денари. , и точено половина литар домашно пиво само 180 денари.

Еден час возење со такси чини околу 600 денари.

Доколку одлучите да одите во Бугарија ова лето, ви препорачуваме да го посетите Несебар како и интересното село Свети Влас. Во Несебар посетете го Стариот град, црквата Света Софија од 5 и 6 век, комплексот на византиски бањи, Археолошкиот и етнографскиот музеј.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago