Струмица

Четириесет и седум годишно лице од струмичко Бориево го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Дабиле

Четириесет и седум годишниот А.Ѓ. од струмичко Бориево го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу 21:15 часот се случи на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово, соопштува МВР.

Имено синоќа во 21.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.Ѓ. (47) од село Бориево, струмичко и патничко возило „фиат“, управувано од Р.М. (31) од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистарски ознаки.

Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а возачот Р.М. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago