Што се случи со новиот закон за плати на функционерите?
Уставниот суд на 23 март со укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите овозможи зголемување на платите на околу 700 функционери за дури 78 отсто. Ова предизвика бурна реакција во јавноста особено кај граѓаните со минимална плата и кај пензионерите кои во март добија покачување од 8%.
Пред три месеци од Влада најавија дека решение ќе се бара со нов закон за плати, откако Владата не
ги исполни најавите и не ги донесе измените во
коефициентите за пресметка на плати.
Засега тие сеуште си добиваат зголемени плати за 78%.
Највисокиот коефициент – 4,5 го добиваат тројцата претседатели – на државата, на Собранието и на Владата. Со овој коефициент се множи бруто платата во висина од околу 47.600 денари а нето би изнесувала околу 2.200 евра.
Со коефициент 4 се множи платата на претседателот на Уставен суд, потпретседателот на Собрание и потпретседателот на Влада а платата изнесува околу 2.000 евра.
Коефициентот 3,5 е за пратениците со што нивната плата ќе достигне до 1.750 евра.
Платите на министрите или платата на претседател на Врховен суд или на државниот јавен обвинител е околу 1.800 евра. За судиите и обвинителите платата се движи околу 1.400 евра додека кај градоначалниците изнесува над 80 илјади денари.