Радовиш

Општина Радовиш со градежни активности во наслените места, се градат улици во Подареш и во Ораовица

Општина Радовиш продолжува со градежни активности во наслените места.  Завршена е дел од улицата покрај Основното училиште во Ораовица од каде честопати се случуваа поплави на училиштето и на централното подрачје на селото. Освен ова како што најави градоначалникот Ацо Ристов наскоро започнува и и проектот за уредување на речното корито во Ораовица.

Градоначалникот Ристов очекува во следните две години многу поинтензивна градба бидејки без проектна документација не може и да се гради.

При крај се и градежните активности на три помали улици во село Подареш, кои Општина Радовиш ги гради од сопствени средства, станува збор за споредни улици, а кои се нужни за граѓаните бидејќи цел живот се соочуваат со проблеми од поплави и кал.  

Градоначалникот најави дека измената на Законот за концесиски надомест за минерални суровини е во собраниска процедура, откако че помине очекува дека Општина Радовиш ќе има поголем приход а со тоа и повеќе инфраструктурни проекти за следната година.

   Тој спомна дека во Радовиш се легализирани 4.000 објекти без платени комуналии со законот за легализација кој го донесе државата, со што општината се соочува со недостаток на милионски средства за изградба на инфраструктура, а граѓаните бараат инфраструктура. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago