Технологија

Зошто новите автомобили не се толку квалитетни како порано?

Падот на квалитетот на новите возила се уште е присутен во индустријата, покажуваат најновите истражувања.

Иако постојат голем број на истражувања и анкети за квалитетот на возилата во светот, има само неколку кои имаат долга традиција, а меѓу нив е и JD Power Initial Quality Study.

Истражување за квалитетот на возилата, проблемите и дефектите беше спроведено на голема база на испитаници, сопственици на нови возила. Што покажува ова истражување спроведено во САД?

Падот на квалитетот на новите возила се уште е присутен во индустријата. Трета година по ред сопствениците пријавуваат се повеќе проблеми со своите нови автомобили.

Главно се работи за неисправности и проблеми поврзани со новите технологии. Сега доаѓа најинтересниот дел – брендовите кои со години обично се на дното на рангирањето, стигнаа до врвот.

Има многу ситници кои придонесуваат за проблеми со квалитетот кај новите автомобили, освен проблеми со мултимедијалниот систем, има и дефекти на рачките на вратите (оние кои се лизгаат во каросеријата), кои се сè почести кај новите (електрични) автомобили, и безжични полначи за мобилни телефони .

Студијата ги рангира производителите на автомобили според бројот на проблеми пријавени од сопствениците на 100 возила. Овие проблеми вклучуваат сè, од мултимедија, контроли и дисплеи, до системи за помош на возачот, како и нови погонски единици на автомобили.

Просечниот број на пријавени проблеми годинава изнесува 192, наспроти 180 лани (2022) и 162 претходната година (2021). Значи, според ова истражување квалитетот е во опаѓање.

Иако Tesla и Polestar беа официјално изоставени од студијата бидејќи не ги исполнуваа сите услови, двата производители на електрични возила имаа 257, односно 313 проблеми на 100 возила. Ова е значително над просекот на студијата, односно не е многу добра вест за овие производители.

Интересно е што се случи со брендот Alfa Romeo , кој за малку ќе дојде до првото место? Матичната компанија Stellantis наводно успеала да ги подобри своите поединечни брендови како што се Dodge и Alfa бидејќи многу од моделите се исти како минатата година и имаа време да ги подобрат.

Инаку, при истражувањето се испитуваат сопственици на нови возила, односно возила од тековната моделска година. Годинава во истражувањето учествувале повеќе од 93 илјади сопственици на автомобили.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago