Радовиш

Градоначалникот Ристов изврши увид на асфалтираната улица – обиколница која ги поврзува улица Калузлиска со Наслеба Куклевица во Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид на веќе асфалтиранта улица – обиколница која ги поврзува улица Калузлиска со Наслеба Куклевица во Радовиш. Тој поразговара и со граѓаните кои што живеат во овој дел на градот и кои изразија благодарност до градоначалникот и до Општина Радовиш за решавање на овој горлив проблем за нив.

„Сите зборуваа за оваа улица со години и сите ја ветуваа. Граѓаните беа резервирани кога започнавме да ја градима улицата, никој не веруваше но ете конечно се случи да биде асфалтирана. Со изградбата на оваа улица се менува комплетно изгледот во овој дел од градот каде што живеат 60 до 70 домаќинства“, рече градоначалникот Ристов.

Изградбата на улицата долга околу еден километар започна од пред три месеци и заврши во предвидениот рок. Инвестицијата е вредна околу 16 милиони денари од кои околу 25% се учество на општината, останатите се обезбедено до Центарот за развој на југоисточниот плански регион и Бирото за регионален развој, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago