Свет

Прогласена за најубава плажа на светот

Денеска е првиот ден од летото, кој многумина со нетрпение го чекаа. Почнуваат високите температури, време е за одмор и веселба во морето.

Поради првиот ден од летото, решивме да се потсетиме која плажа е прогласена за најубава на светот во 2023 година.

Порталот „50 најдобри плажи во светот“ секоја година објавува ажурирана листа на најубави плажи. Листата е направена земајќи ги предвид природните убавини, просторот, популарноста, активностите на плажа, чистотата и смиреноста на морето, а оваа година гласале повеќе од 750 најпрепознатливи и највлијателни светски патописци, новинари и експерти.

На прво место е плажата Лаки Беј во Австралија, која има неверојатно тиркизно море. Заливот Лаки го зазеде првото место благодарение на чистиот песок, тиркизната вода и популацијата на кенгур.

„Пријателските кенгури не се единственото нешто што ја прави оваа плажа најдобра во светот. Заливот Лаки има беспрекорен снежно бел песок и неверојатно тиркизно море. Се протега на повеќе од пет километри, така што гарантирано ќе најдете место помалку преполно да уживате во сите природни убавини“, објаснува порталот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago