Гевгелија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и ФТБЛ на 14-та по ред „Гастрономска изложба 2023“

Во Гевгелија се одржа 14. по ред „Гастрономска изложба 2023“ во организација на Факултетот за туризам и бизнис- логистика во Гевгелија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.

Покрај долгогодишните соработници кои дале свој придонес во реализацијата на „Гастрономската изложба“, на кои од страна на деканот на ФТБЛ во Гевгелија, проф. д-р Татјана Бошков, им беа врачени признанија, на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Сарамандов и Бошков потпишаа Меморандум за заемна соработка помеѓу Општина Гевгелија и ФТБЛ во насока на поддршка на развојни проекти за унапредување на образованието на младите, локалната заедница и економскиот развој.

На традиционалната „Гастрономска изложба“ на ФТБЛ се презентираше традиционална храна подготвена на модерен начин, бизнис-идеја за развој на културниот туризам или друг вид туризам, фотографии на стари традиционални јадења и стари предмети, артефакти и традиционални носии од регионот и државата. Во кои активности учествуваат студентите на организирани работилници, пред одржувањето на изложбата, со цел поттикнување на развојот на специфичните форми за развој на туризмот во општина Гевгелија, со посебен осврт на културниот туризам и традицијата. Настанот беше збогатен со настапите на Ансамбл „Бојмија“ и Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија.

14-та по ред „Гастрономска изложба“ на ФТБЛ во Гевгелија е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финансиска поддршка на активностите од областа на културата за 2023 година, а истата се одржа на  летната тераса на хотел „Аполонија“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago