Забава

Десетте најдобри држави за соло патување!

Додека соло патувањето продолжува да расте во популарност, авантуристичките поединци од целиот свет тргнуваат на патот да го истражуваат светот.

Новата студија на компанијата Bounce ја стави Хрватска на врвот на листата на најдобри земји за вакви патувања.

Компанијата Bounce, која има капацитети за складирање багаж на преку 8.000 локации во над 1.000 градови низ светот, ги издвои 10-те најдобри места за соло патување.

Истражувањето го спровеле експерти за патувања, а анализата на различни фактори како што се бројот на атракции, цените на сместувањето и храната, просечната температура и безбедноста, покажала кои се најдобриот избор за соло авантуристите.

Хрватска е позната по својата природна убавина, плажите што го одземаат здивот и неверојатните историски знаменитости. Хрватска нуди разновиден опсег на искуства што ќе ги задоволат желбите на сите патници, според Croatiaweek . .

Живописните пејзажи на земјата, преполни со шармантни крајбрежни градови, волшебни острови и прекрасни национални паркови, обезбедуваат неверојатна позадина за соло истражување.

Интересен е податокот дека на трето место е Словенија, земја која е подеднакво добра и за семејни одмори и за самостојни посети, што и оваа листа го потврдува.

Листата на првите десет земји за соло патување изгледа вака:

1. Хрватска

2.Малта

3.Словенија

4.Португалија

5.Исланд

6.Грција

7.Унгарија

8.Шпанија

9.Сингапур

10.Израел

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago