Хидратацијата треба да
биде важна во текот на целата година, но со доаѓањето на топлите денови се
повеќе се зборува и почнуваме да обрнуваме повеќе внимание
Телото постојано губи вода
во текот на денот, главно преку урина и пот, но и поради редовните телесни
функции како што е дишењето. За да спречите дехидрација, треба да
внесувате доволно вода од пијалоци и храна секој ден. Постојат многу различни
мислења за тоа колку вода треба да пиеме на дневна основа. Експертите
обично препорачуваат осум чаши, што е околу 2 литри на ден.
Сепак, некои експерти веруваат дека треба
да пиете вода во текот на денот, дури и кога не сте жедни. Како и кај
повеќето работи, ова зависи од поединецот. Многу фактори (и внатрешни и
надворешни) влијаат на тоа колку вода ви треба.
Колку вода ни треба?
Колку вода ни треба зависи од многу работи
и варира од личност до личност. За возрасни, општата препорака од
Националната академија за науки, инженерство и медицина на САД е: 11,5 чаши
(2,7 литри) дневно за жени и 15,5 чаши (3,7 литри) дневно за мажи.
Дали внесот на вода влијае на нивото на
енергија и функцијата на мозокот?
Многу експерти тврдат дека ако не останете хидрирани во текот на денот, нивото на енергија и функцијата на мозокот почнуваат да страдаат. Постојат многу студии кои го поддржуваат ова. Една студија кај жени покажа дека губењето на течности од 1,36 отсто после вежбање го нарушува расположението и концентрацијата и ја зголемува зачестеноста на главоболките.