30 точки за расправа и 6 дополнителни беа предвидени за денешната седница на Советот на Општина Радовиш
30 точки за расправа и 6 дополнителни беа предвидени за денешната седница на Советот на Општина Радовиш. Беше поставено едно советничко прашање од советникот Аница Бораниева Атанасова до градоначалникот Ацо Ристов, а кое се однесуваше на зонското паркирање во градот, односно дали дворот на спортската сала, влегува во паркинг зоната.
Потоа беа изгласани Предлог Одлуките за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година во основните училишта „Орце Николов“ во Ињево, „Кирил и Методиј“ во село Ораовица и „Никола Карев“ во Радовиш.
Потоа беа изгласани и Предлог заклучоците за усвојување
на Финансиски извештај за работа во ЈП Плаваја за првото тримесечје од годината,
како и Извештајот за финасиските резултати на ЈПССО, Спортска сала.
Во продолжение беа изгласани и останатите предлог Одлуки предвидени со дневниот ред, како Предлог Одлука за доставување на процена на загрозеност на подрачјето на Општина Радовиш, Предлог програма за измена на Програма за активности во Општина Радовиш во областа на образованието во 2023 година, (најдобар наставник и Матурска подршка на матурантите).
Потоа беше изгласана и Предлог одлуката за доделување на
годишни награди на најдобри наставници во основното и средното образование,
како и воспитувачи и негуватели во детските градинки во Општина Радовиш, од 25
мај годинава.
Беа изгласани и неколку предлог Одлуки со кои во идна
урбанистичка планска документација, ќе се изврши вклопување на бесправно
изградени објекти во плански опфат во наслениете места Калаузлија, Аликоч,
Козбунар, Коџалија, Подареш и Раклиш.
Потоа, Предлог
одлука за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште
одржување на комунални објекти и локални патишта за 2023 во Општина Радовиш.
Предлог одлука за измени на одлуките од 15.11.2022 и 20.12.2022 година за
усвојување на измена на План на програми за развој за 2023 година, изградба на
комерцијални и инфраструктурни објекти – Градски пазар.
На денешната седница меѓу другото беше изгласано и Предлог Измена и дополнување на – прв ребаланс на буџетот на Општина Радовиш за 2023 година.