Радовиш

Од понеделник „САЕМ НА КНИГИ 2023“ во библиотеката во Радовиш

Во Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци„ во Радовиш и годинава ќе се организира „САЕМ НА КНИГИ 2023“. Истиот ќе се одржи од 29 мај до 01 јуни со деневен продажен термин од 10 до 19 часот. Свеченото отварање ќе биде во понеделник во 12 часот, со бораќање на градоначалникот Ацо Ристов и директорот на библиотеката Станој Петров.  Исто така свое обраќање ќе има и Ксенија Маказлиева Трајчева,на тема, „Саемот на книгата, отворена врата кон светот на книжевноста“, по што ќе следува и промоција на нејзината книга „Борко брзозборко“.

 Во текот на неделата додека трае истиот ќе бидат организирани и дополнителни содржини и настани. На саемот на книги ќе бидат изложени дела на десетина штанда од повеќе издавачки куќи. По пристапни саемски цени ќе има понуда на најновите наслови од белетристика, лектирни изданија, боенки, сликовници, речници и разговорници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago