Радовиш

Награда за иновативен проект „Електричен велосипед“ доби тимот од ученици од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш

 Ученици од СОУ „ Коста Сусинов“ од Радовиш добитници на награда за иновативен проект во вредност од 120 илјади денари, преточени во иновативни решенија за проектот. Учениците се горди на својата иновација и се надеваат дека ќе најде поширока примена во општеството и развојот на еколошката свест.

За својата идеја да ја преточат во пракса, околу техничкиот дел им помогнал професорот по стучни предмети од електротехничка струка Дејан Милчевски.

Имплементатор на прокетот е Здружението Лидери за едукација активизам и развој. Средношколски тимови од Радовиш, Кочани, Кичево, Битола и Кавадарци со поддршка на ментор, на тридневниот настан „UPSHIFT Bootcamp“ ги развиваа своите решенија за проблемите поврзани со производство и заштеда на енергија. На настанот за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со енергијата во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) учествувале вкупно 10 средношколски тимови, меѓу кои и тимот од Радовиш.

Програмата е поддржана од УНИЦЕВ, од Фондот за иновации и технолошки развој и од Владата во Шведска. Станува збор за добро позната глобална програма која се реалзира во 30 земји.

 СУ „Коста Сусинов“ се гордее со иновативноста на своите ученици и им благодари за добиената награда.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago