Радовиш

Инспекциите на терен, медицински отпад фрлен во планинскиот предел помеѓу селата Ињево и Дедино

Медицински отпад фрлен во планинскиот предел покрај регионалниот пат Радовиш -Конче помеѓу селата Ињево и Дедино.

По добиена информација од граѓанскиот сектор за загадување на животната средина со фрлање отпад во планинскиот предел помеѓу населените места Ињево и Дедино, денеска беше спроведена заедничка активност со државниот инспекторат за животна средина и Локалниот сектор за инспекциски надзор и беше извршен увид на лице место.

Покрај секоков вид на отпад кој дава грда слика на прекрасната природа, овој пат беше откриен и медицински отпад. Раководителот на Секторто за инспекциски надзор Томе Даневски вели дека се работи за нетоксичен медициснки отпад но сепак случајот ќе се истражува и отпадот ќе се дислоцира.

Тој апелира до граѓаните да бидат совесни и да не фрлаат отпад насекаде во природата, бидејќи се загадува животната средина.

Отпадот е откриен во текот на вчерашниот ден од граѓанскиот сектор, но  Инспекцискиот надзор утврди дека тој е од поодамна на ова место.

Ваквиот и многу други видови на отпад се фрлани во блиската шума речиси на границата помеѓу двете општини Радовиш и Конче. Движејќи се по споредниот пат кој води во шумата се чувствува мирисот на расветана мајчина душичка и друг вид на планински чај, за потоа да ве пречека расфралниот отпад од двете страни на патот, по што се разочарувате од човечката постапка и негрижа за природата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago