Технологија

Кинеските автомобили ја освојуваат Германија!

Продажбата на кинески автомобили годинава забележа драстичен раст.

Државниот завод за статистика на Германија објави дека во првиот квартал од годинава 28,2 отсто од сите увезени електрични возила биле од Кина. Колку е овој скок драстичен најдобро говори податокот дека истиот период лани ова учество изнесуваше 7,8 отсто.

Истовремено, забележан е пад на извозот на германски возила во Кина, за цели 23,9 отсто во однос на истиот период лани. Затоа, не е чудно што пред неколку месеци многу производители решија да ги намалат цените на своите автомобили на кинескиот пазар, се со цел да придобијат барем дел од купувачите.

Овој проблем не е изолиран само за германските автомобили, бидејќи истата ситуација постои и со јапонските марки. Кинезите едноставно се свртеа кон домашните марки и возила кои се поевтини, а нивните карактеристики не заостануваат зад западните ривали. Напротив.

Доколку се вратиме на германскиот пазар, еве уште некои податоци кои говорат за доминацијата на Кина на пазарот. Така, во првиот квартал, 86% од увезените персонални компјутери, 67,8% од паметните телефони и 39,2% од литиум-јонските батерии потекнуваат од Кина.

„Многу производи за секојдневниот живот, како и стоки за енергетска транзиција, сега доаѓаат главно од Кина“, соопшти канцеларијата, потврдувајќи дека германската економија во голема мера зависи од кинеската економија.

Исто така, се добива впечаток дека германската автомобилска индустрија донекаде го губи чекорот со кинеската, исто како што најавија многу експерти во последните години.

На удар и Франција.

Во исто време, Германија не е единствената земја која доживува пенетрација на кинески електрични автомобили. Општо е познато дека Dacia Spring доаѓа од исток, а во Европа, особено во Франција, благодарение на пониската цена бележи значителна продажба.

Затоа, француската влада планира да ги ограничи стимулациите за купување нови електрични автомобили исклучиво на возила произведени во Европа.

Истовремено, кинеската автомобилска индустрија го зголеми уделот на домашниот пазар, а минатата година го зголеми извозот четири пати на околу два милиони возила.

Се очекува годинава да извезе над три милиони возила.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago