Здравје

Обидете се да ја ублажите главоболката на ПРИРОДЕН НАЧИН: Овие намирници можат да ви помогнат во тоа!

Луѓето кои имаат проблеми со главоболката најчесто прво се свртуваат кон лекови, што секако е сосема погрешно.

Постојат голем број на сосема природни „лекови“, односно намирници кои можат да помогнат да се елиминираат главоболките. Еве за која храна станува збор.

Банани

Ако чувствувате дека доаѓа напад на мигрена, наместо преработена храна како слатки, подобра идеја е да се свртите кон бананите. Нивната тајна е во тоа што брзо даваат многу енергија и содржат многу магнезиум, кој благотворно делува на луѓето кои страдаат од главоболки. Освен тоа, дури 74 отсто од бананата е вода, па затоа е одлична и за хидратација на организмот.

Семиња

Со оглед на тоа дека недостатокот на магнезиум е еден од најчестите нутритивни предизвикувачи, дополнувањето на овој минерал е задолжително, а во изобилство може да се најде во семките од чиа, семките од тиква и семките од лен.

Билни чаеви

Покрај тоа што чајот хидрира, ако внимателно ја изберете билката, можете да ги ублажите симптомите на мигрена. На пример, нането е познато по тоа што го ублажува притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом на синусната главоболка, а чајот од нане ќе помогне и кога се вдишува и кога се пие.

Чоколада

Ако ве боли главоболка затоа што сте го намалиле или целосно сте го исклучиле кафето, јадете повеќе чоколадо. Освен тоа, темното чоколадо е богат извор на магнезиум, пренесува Аваз.

Печурки

Во некои случаи, главоболките се јавуваат поради слабата апсорпција во цревата, каде што витаминот Б2 може да помогне. Најмногу го има во печурките, потоа коскеното овошје и јајцата, а делува и како превенција од главоболки поврзани со мигрена.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago