Мицкоски со порака до ДУИ: Доста е! ВМРО -ДПМНЕ ќе ве испрати во пензија
Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски со порака до ДУИ на одржаната трибина во Тетово, дека е време да заминат во пензија и во неславната историја.
„Тетовчани се горди луѓе, луѓе домаќини и мојата грижа, мојот завет е подеднаков за овој град како и за сите места во Македонија. Заедничкиот патриотизам за кој говорам е потполн само тогаш кога и Тетово го има заслуженото место за грижа и е дел од постојаната борба за промени.Заедничкиот патриотизам е сон кој се бориме да стане реалност. Да ги вратиме тука луѓето кои за туѓинци работат надвор додека нивната земја тука е нечепната. Истите луѓе Македонци и Албанци кои создаваат вредности и секогаш ќе бидат печалбари во туѓи земји, да ги вратиме тука во своите родни огништа да ја креваме Македонија заедно. Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македонија“ рече Мицкоски.
Тој потенцира дека точно 22 години ДУИ е на власт и дека е време да замине во пензија.
„22 години тие не живеат за Албанците, туку живеат од нив. ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот. И затоа испраќам јасна и недвосмислена порака, тука од заедничкото Тетово, од народот до ДУИ и Ахмети: Доста е, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од овој град, на трибината „Социјални политики против осиромашувањето и сиромаштијата“.
Мицкоски посочи: „ВМРО-ДПМНЕ ќе ве испрати во пензија и во неславниот дел од историјата заедно со народот”.