Изборот за песна на
Евровизија 2023 година започнува утре
Ова ќе биде 67-ми
последователен избор за најдобра песна на Европа. Домаќин е Велика
Британија, поточно градот Ливерпул, по Украина, бидејќи победничката на
натпреварот во 2022 година со песната Стефанија во изведба на оркестарот Калуш,
не можеше да биде домаќин од безбедносни причини.
Ова го враќа натпреварот во Обединетото
Кралство по деветти пат, и прв пат од 1998 година. Се состои, како и
досега, од две полуфиналиња кои ќе се одржат на 9 и 11 мај и финалето што ќе се
одржи во сабота на 13 мај.
Ќе се натпреваруваат 37 земји, а правилата
за гласање за 2023 година се малку изменети, па од оваа година само публиката
одлучува кои земји ќе се пласираат во финалето. Воведено е и гласањето на
остатокот од светот, кое доделува по 1 сет поени во сите 3 натпреварувачки
вечери, пишува Дејли Мејл.
Гости-изведувачи на
овогодинешната церемонија ќе бидат Сем Рајдер и оркестарот Калуга.
Домаќини на Изборот за песна на Евровизија
2023 година
Главен дел од водечкиот тим ќе биде Хана Вединг , британска пејачка и актерка, најпозната по
улогата на Ребека Велтон во сериите „Тед Ласо“ и „Игра на тронови“. На
сцената ќе и се придружи Алеша Диксон ,
ТВ водителка и пејачка која се прослави како член на хип хоп групата Мис-Тик, а
подоцна беше член на жирито на шоуто „Британија има талент“. Украинската
пејачка Јулија Санина ќе биде на сцената во улога на водителка .