Конче

Со пригодна програма и откривање на спомен биста, ОУ „Гоце Делчев“ од Конче, го одбележа својот патронен празник

Со пригодна програма подготвена од учениците и наставниците и откривање на спомен биста, ООУ „Гоце Делчев“ од Конче денеска го одбележа својот патронен празник. Во присуство на голем број поканети гости и соработници, ученици и вработени во училиштето и по повод 120 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, беше откриена спомен бистата и положено свежо цвеќе.

Во рамките на програмата наградените ученици по литературниот конкурс  читаа литературни творби, посветени на великанот Гоце Делчев.

Откривањето на бистата го извршија директорот на училиштето Горјан Трајков и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов по што цвеќе положија делегација од училиштето со директорот Трајков,  делегација од Општина Конче со градоначалникот Златко Ристов, и делегација од ЈП Лакаавица од Конче.

Одбележувањето на патрониот празник започна од вчера со повеќе активности, а продолжи денеска со спортски натпревари, ликовна колонија која се одржа во дворот на манастирот свети Стефан и се заокружи со свечениот дел.

На денешната свеченост беа доделени  дипломи и награди на ученици за освоено прво, второ и трето место во литературен конкурс и во ликовна колонија, и дипломи и награди за освоено прво, второ и трето место, на спортски екипи во мал фудбал женски и во мал фудбал машки од основните училишта од општините Радовиш и Конче.

ООУ Гоце Делчев  во соработка со Општина Конче го реализира проектот за  хортикултурно уредување на дворот при што беше поставена и спомен биста на Гоце Делчев, за достоинствено одбележување на патрониот празник секоја година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago