Здравје

Неколку намирници кои ќе ви помогнат да ги исчистите крвните садови!

Холестеролот предизвикува бројни проблеми во организмот, кои можат сериозно да го нарушат нашето здравје. Поради брзото темпо на живот, се повеќе млади се соочуваат со појава на маснотии во крвта, а состојбата е алармантна. Затоа е многу важно да правите работи што зависи од вас – водете сметка за тоа што внесувате во вашето тело. Некои намирници можат да бидат одлични сојузници во чистењето на вашите крвни садови, полни се со витамини и минерали и имаат различни позитивни ефекти.

1. Ленено семе

Алфа-линоленската киселина во лененото семе го третира високиот крвен притисок и воспалението во затнатите крвни садови. Овозможува нормален проток на крв и редовна дистрибуција на кислород и хранливи материи неопходни за нормално функционирање на органите. Консумирајте по 2-4 лажици мелено ленено семе секој ден, можете да го додадете во овесна каша, салата, супи или смути.

2. Алги

Полни се со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Ова е сè што му е потребно на нашиот организам за да ја одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат да се намали крвниот притисок и да се прошират крвните садови.

3. Ѓумбир

Компонентите во ѓумбирот позитивно влијаат на протокот на крв и ја подобруваат циркулацијата. Ѓумбирот има способност да ја намали постојната плоча и да го запре нејзиното понатамошно таложење.

Во 2дл зовриена вода прелијте една лажица исчистен и сечкан ѓумбир. Оставете го чајот да се свари 5 минути и процедете го. Засладете со мед. Чајот пијте го три пати на ден, после секој оброк.

4. Домат

Ако сакате здраво срце, кога е сезона – јадете домати. Ова овошје е богато со ликопен, моќен антиоксиданс. Најдоброто нешто кај доматите е нивната разновидност: можете да ги јадете како салата, во супа или чорба, или печени во рерна со пиперки и модар патлиџан.

5. Туна или лосос

Синото рибино масло содржи амино киселини со неверојатно корисни својства. Секако, станува збор за омега 3 масни киселини, кои помагаат во балансирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

6. Леќата

Го намалува притисокот и спречува артериосклероза. Успешно ги чисти крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата. Го намалува нивото на шеќер во крвта и го зголемува нивото на хемоглобинот.

Една лажица брашно од хељда прелијте со 180 мл кефир, убаво измешајте и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Јадете ја смесата наутро, половина час пред оброците. Применете го овој третман во следните 14 дена.

7. Соја

Изофлавоните, кои се дел од неговиот нутритивен состав, значително го намалуваат холестеролот и триглицеридите во крвта.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago