Македонија

ЛЕВИЦА преку автентично толкување бара НАМАЛУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ

Пратениците на Левица во македонското собрание поднесоа Барање за давање автентично толкување до претседателот на Собранието – Талат Џафери, информираат од политичката партија Левица.

„Со Одлуката на Уставниот суд, со која платите на функционерите се покачија неверојатни 78%, цениме дека забуната е настаната при некоректно толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката.

Министерството за финансии, во циркуларна порака до буџетските корисници, им наложува формулацијата „просечна исплатена месечна плата” да ја толкуваат како БРУТО-плата по работник?! Но, подоследна интепретација на оваа фраза е таа да се толкува дека истата се одесува на НЕТО-плата по вработен од ланската година, според податоците на Државниот завод за статистика – при што, во овој случај ќе стане збор само за „одмрзнување“, а не и за зголемување на функционерските плати!“ велат од Левица.

Заради доследна и јасна примена на одредбата од посочениот закон, како и заради обезбедување на правна сигурност на граѓаните, Левица бара ваквата законска норма да се однесува на нето, а не на бруто-плата на вработен, со што актуелните плати на функционерите би се намалиле за околу 50%.

„Во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, недозволиво е функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани. Апелираме оваа наша иницијатива конечно да наиде на добра волја кај парламентарното мнозинство и, за разлика од негативните примери во минатото, кога низа анти-естаблишментски предлози на Левица беа одбиени – конечно Парламентот да почне да работи во интерес на сите граѓани“, стои во изветувањето од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago